речник контакт

Галуп: Над половина Балканци не реагираат емотивно

Студијата на Галуп покажа дека Албанците се најемоционална нација додека најмалку се Косовците!? Филипинците се најемотивни на светот,а соседите Сингапур најмалку?? Во Европа најемотивни се Шпанците а најмалку Грузијците

Петар Печков

Балканот се наоѓа во група на земји од светот со ниска проценка за емотивноста, додека во сите земји на Балканот над половина жители изјавиле дека не реагираат емоционално во одредени општествени интеракции и состојби.

Според резултатите на последното истражување на Галуп во врска со степенот на емотивноста на народите во светот, балканските народи се нашле во група на земји каде живеат најмал број на емоционални и чувствителни лица, пишува весникот „Форбс“, а пренесе агенцијата Анадолија.

На самиот почеток на студијата, експерти од Галуп потсетуваат дека емоциите се многу значаен фактор во животите на обичните луѓе, но и состојбата на цели нации, бидејќи го одредуваат односот на луѓето како и донесувањето на важни одлуки.

Имено, од земјите на балканскиот регион, студијата на Галуп покажа дека Албанците се најемоционална нација каде 46 отсто од луѓето тврдат дека по природа се емотивни. Истиот процент е забележан и во Црна Гора.

По нив следи Босна и Херцеговина каде 44 отсто испитаници се доживуваат како емотивни лица. Истиот процент е забележан и во Македонија и во Србија.

Од друга страна, најмалку емотивни луѓе на Балканот има во Хрватска и во Косово, каде живеат 43 т.е. 42 отсто луѓе кои се водени од емоции.

Според истражувањето на Галуп, Балканот се наоѓа во група на земји од светот со низок процент на емотивци, додека во сите земји на Балканот над половина жители рекле дека не реагираат емоционално во одредени општествени интеракции и состојби кои ги задесуваат.

Од земјите од поширокиот регион на Балканот, во Бугарија се наоѓаат 41 отсто емоционални луѓе, во Турција 45, Унгарија 46 и Словенија 48 отсто.

Резултатите наведени во студијата се собрани врз основљ на прашања дали жителите на земјите во светот, претходните денови доживеале десет одредени емоции, од кои пет негативни и пет позитивни.

Резултатите од студијата покажуваат процент на луѓе во секоја земја, кои ги доживеале сите десет емоции претходните денови.

Истражувањето на Галуп покажа дека жителите на Филипини се најемотивни луѓе на светот, бидејќи 60 отсто од нив истакнале дека во претходниот период доживеале десет одредени емоции.

По Филипини следи Салвадор каде се наоѓаат 57 отсто емотивни луѓе, потоа Бахреин со 56, Оман 55 како и Колумбија, Чиле со 54 колку што бележат и Костарика, Канада, Гватемала, Боливија, Еквадор, Доминиканската Република, Перу, Никарагва и САД.

Од друга страна, најмалку емотивна земја е Сингапур, каде само 36 отсто жители изјавиле дека се емотивни, потоа следи Грузија со 37 отсто како и Литванија, потоа Русија со 38 отсто, колку што бележат и Мадагаскар, Украина, Белорусија, Казахстан, Непал и Киргистан.

Колку емоциите се значајни за состојбата во едно општество покажува и податокот дека во Сингапур, кој има најмал број на емотивни луѓе, во јавните училишта децата посетуваат час по емоционална интелигенција, за да се зголеми нивото на меѓусебната солидарност и помагање во општеството.

Исто така, од 20 најмалку емотивни земји од нив девет се азиски, па може да се заклучи дека азиските народи се најмалку емотивни луѓе на светот.

Од друга страна, од 20 земји со најголем процент на емотивци, од нив 11 се од Латинска Америка, па слободно може да се каже дека луѓето во тој дел од светот се најемотивни луѓе на светот.

Ако се гледа Европа како регион, најемотивни луѓе се Шпанците, потоа следи Кипар, Франција па Малта, додека најмалку емоционални луѓе се во Грузија, Латвија, Русија и Украина.

Исто така, Европа е еден од регионите во светот каде живее најмал процент емотивци, бидејќи од 20 земји во светот со најголем процент на емотивци, само две од нив се европски.

Текстот е преземен од турската агенција Анадолија

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »